Фарма Вет ДООЕЛ е друштво кое со своето 25 годишно постоење  на пазарот во Р.Македонија е синоним за успешна компанија. Со целосната посветеност од страна на вработените, сите овие години се стреми кон проширување и зголемување на својатa постоечка работа. Мисија на нашата компанија е понуда на квалитетни производи и услуги за нашите клиенти.

Фарма Вет ДООЕЛ нуди комплетни и сеопфатни решенија за продажба и дистрибуција, логистика, маркетинг и услуги за управување со стокови марки од голем број различни индустрии и бизнис делови, како што се роба за широка потрошувачка, производи за нега и лична хигиена, стока наменета за домаќинство, техничка роба, хемиски производи, како и производи и услуги што се користат во ветринарната медицина.

Наша цел е константна и широка дистрибуција на производи од врвен квалитет за домашните потрошувачи, изградба на брендовите кои ни се доверени тука во Р. Македонија, преку присуство на една динамична, прогресивна и добро организирана мрежа, што може да создава постојан раст и проширување на нашата заедница.

44